21
авг
2013
Стек во сос од кромид, пиперка и павлака
Најпрво го сечкаме ситно зеленчукот.
Го сечкаме и стекот на ситни парчиња.
На загреано масло ги пропржуваме кромидот и пиперката да омекнат.
Потоа го додаваме стекот и зачините.
Пржиме околу 15 минути.
Пред крај ставаме павлака и промешуваме, чекаме малку да изврие.
Се служи со пире или помфрит.
По желба може да се стават и печурки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови