Срце од лиснато тесто, крем и шумско овошје
Можеби забежавте дека овожавам лиснато тесто и дека многу често го правам, со различни додатоци, благи, солени, ама сите комбинации се превкусни хехе.
Овај пат овој десерт во форма на срце. Доколку немате калапче во форма на срце, направете си срце од обично картонче, и јас така направив.
1. Го оставаме лиснатото тесто да се одмрзне убаво, а во меѓувреме го правиме кремот.
Во тенџере на оган го правиме пудингот, и кога ќе биде готов му го додаваме белото чоколадо, и го оставаме да се олади.
2. Лиснатото тесто го расукуваме, и правиме неколку срциња, ама треба да внимаваме да се по три за секое едно. Ги ставаме на плех обложен со хартија за печење, и пред да ги ставиме во рерна по малку го врвот на ножот ги боцкаме. Печеме додека не заруменат, односно не се испече тестото.
3. Филуваме на следниот начин, ред срце, ред фил, па ред срце па капини, малини или какво имате вие овошје, и на крај пак срце.
Од горе декорираме со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ќе има секако и други прилики, јас речиси лиснатото тесто со се го правам, благо солено, просто го обожавам хехе