Сочен, чоколаден десерт, со нежна нота на вишна вкус. Богат и вкусен. Пробајте го.

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот. Се мати до згуснување на смесата.

2. Во еден сад се соединуваат сите суви состојки, брашно, пециво, ореви, какао, кора од портокал. Пожелно е претходно да бидат просеани. Во танок млаз се додаваат течните состојки во 2 наврати, заедно со сувите состојки. Смесата со шпатула се изедначува убаво.

3. Се истура во правоаголна тава која е намастена и посипана со брашно. Се израмнува и се печи на 180с околу 30 минути.

4. За тоа време во сад се ставаат шеќерот, водата и чоколадото. Од кога ќе зоврие оставаме да врие 5 минути.

5. Испеченото тесто го оставаме кратко да подизлади. Го сечиме на парчиња. Лажица по лажица го прелеваме со топлиот прелив. Оставаме 2 часа на ладно да се упие шербетот.

6. Сервираме на тањир од чоко коцките, ставаме лажиче топинг од вишни, јатка орев и послужуваме.
На здравје вкусотијава.
Користена е чаша од 250 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани