Сочен кекс со банана и портокал
Многу ги сакам овие едноставни, кревки, попладневни кексови.
Направив убав спој на состојки и добив прекрасен вкус.
Ако се дуплираат состојките може колачот да се испече во куглоф.
Во мал сад го ставаме путерот да се растопи на тивок оган.
Го оставаме да се излади.
Во вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме додека смесата не стане густа.
Со исклучен миксер ги додаваме растопениот путер, сокот и кора од портокал, оревот и мармаладот. Соединетите во нутрибулет банана и млеко, брашно и пециво.
Со шпатула ја изедначуваме целата смеса.
Ја истураме во долгнавест калап кој е обложен со хартија за печење.
Оставаме малку од смесата и ставаме просеано какао.
Промешуваме.
И оваа смеса ја ставаме во калапот.
Печиме во загреана рерна на 180 с околу 35 минути.
Испечениот колач го оставаме на решетка да се излади.
Јас во тенок слој одозгора, за арома нанесов малку шеќер во прав растворен во 1 лажица сок од портокал.
Вие ако сакате може да го посипите со шеќер во прав, со чоколадо....
Лиценца: Сите права се задржани