Полесно и побрзо здравје.

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете мазна смеса.
Толку!
Доколку немате блендер можете да ги изрендате на ситната страна на рендето или испасирате со вилушка.

Според огриналнито рецепт, жолчките посебно се пасираат, се додаваат белките ситно исецкани, а потоа се додаваат останантите состојки.
Количината е релативно мала според оргиналниов рецепт, но можете да ја дуплирате.

Бојата треба да биде посветла, но користени се вапцани јајца и Домашен оцет од сливи, па затоа е малку потемна (повеќе заради вапцаните јајца)
Многу е вкусно, но според мене недостасува сол и малку лукче за да биде феноменално.

Се користи најмногу како прелив за салати, особено марула.

Младунче го џапна целото тањирче и го изеде сама. Дури и пофалба добив:
- Мммм, мамо, многу ми е убаво =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани