Соленки со сусам и сончоглед
Жал ми е, не стигнав да направам фотографија од нив испечени. Додека се свртив, ги разграбаа, во меѓувреме ми излезе некоја обврска и заборавив да фотографирам. Инаку, многу се лесни, многу вкусни и многу парчиња излегуваат.
1. Сусамот и сончогледот се ставаат во тава на рингла да се потпечат и убаво да замирисаат. Ако успеете да најдете пржен солен сончоглед уште поубаво. Него не треба да го печете.
2. Ги ставаме во вангла сончогледот и сусамот, додаваме масло и пиво, сол и буковска пипер и замесуваме со брашно и прашок за пециво.
3. Одма се меси тестото, но заради преголемата количина на сусам и сончоглед многу тешко, скоро невозможно е да се вадат форми со модла. Јас им го зедов редот сечејќи со нож, квадрати и правоаголници.
4.Од краевите формирам топчиња. Веднаш се редат на пек хартија во тава, а и не мора да има хартија, заради маслото нема да се залепат воопшто. Се печат дваесетина минути. Мирисот на потпечен сусам е неодолив. Ммммммм...
Излегуваат многу парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови