30
мар
2021
Соленки со сирење и путер
1. Во сад се става сирењето рендано на ситно ренде или дробено, путерот омекнат, брашното и пецивото, се промешуваат состојките и се замесува тесто. Одма се расукува на работна маса и со калапи (модли) се вадат форми. Тестото е толку меко од путерот што сите форми излегуваат до совршенство, лесно се одлепуваат од модлите (калапчињата)
2. Се редат врз пекарска хартија на тавата од рерната , се премачкуваат со жолчка промешана со една лажица масло. се печат на 180 степени околу 20 минути, додека не заруменат. Одлични се за седенки со друштво и чаша пиво или вино.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови