Соленици
Сите состојки, освен водата, се мешаат. Последно со водата го оформуваме тестото. Мерката е провизорна, значи сметајте -, повеќе + дека ќе треба... Сепак, количеството зависи од впивливоста и типот на брашното. А кога сме кај брашното, може и со Т400. Во мојот случај беше пола-пола, бидејќи немав доволно за 500. 30-40 мин се остава на топло место да нарасни.
Потоа, го делиме на 2-3 дела и секој дел со месењето го плескаме (од висина го удираме) од работната површина околу 10 пати. Удирањето на тестото од раб. површ. дава ефект на тестото да биде меко и лесно.
Секоје делче го сучиме во дебелина малку поголема од прст и го засекуваме по должина на околу 20 см. Ги редиме во плех, на минимално растојание. Така, ги оставаме 20 мин. Во печењето ќе се залепат, но се одвојуваат.
Печиме на температура од 200 степени околу 5 мин.
Во мегувреме го пипремаме солениот прелив. Го мешаме брашното и солта и постепено додаваме вода.Треба да дојди смеса погуста од онаа за палачинки. Го ставаме во мал готварски сприц или во најлонче и со него ги шараме солениците.
Оставаме да се допечат уште некои 10 минути. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови