
Солени јаготки со крекери и сардина (посно)
Цвеклото, морковот и компирот сварете ги и изрендајте ги. Крекерите изблендирајте ги.
 Во ренданите цвекло, морков и компир додајте ги блендираните крекери, посолете, додајте пипер и малку оцет. Ставете ги малку во фрижидер.
 Сардина издробете со вилушка, додајте ситно сечен кромид посолете, додајте сув зеленчук и промешајте.
 Земете малку од смесата со цвекло со натопени раце, внатре ставете фил од риба, затворете го и направете во форма на на јагодка.
 Семки од јагодки направете со сусам, наместо ливчиња ставете магдонос.
 Овие јагодки можете да ги направите за посни слави.
 Добар апетит!




















