Елегантни солени розен коцки, вкусно ладно предјадење.
Во една вангличка со миксер се соединуваат путерот, крем сирењето, урдата, ајварот, мајонезот,зачините.
Се зема лист розен кора, се премачкува со 2 полни лажици фил и врз филот се редат кругови шунка. Врз шунката танко се премачкува фил, колку да се залепи вториот лист розен,
Врз него се става фил, па врз филот парчиња кашкавал, пак тенко фил, повторно розен лист, фил, парчиња шунка, тенко фил и се поклопува со розен лист.
Се покрива со фолија и се притиска со тежок предмет, нека одстои околу 1 час, да омекнат корите и да се спојат вкусовите.
Се сече на коцки и се декорира со кисела павлак, маслинка, магдонос....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани