1. Листовите кељ се мијат и се обаруваат неколу минути во зовриена вода со малку сол.

2. Кромидот ситно се сечка и се пржи во тава на оган на умерена температура. Морковот се ренда и се додава во тавата со кромидот. Се пржат заедно и се зачинува по вкус. Се трга на страна да се излади.

3. Ги делиме жолчките од белките. Пенесто се матат жолчките, се додаваат (претходно пржени) кромидот и морковите, сечканата салама, сечканите варени јајца ( јас ги оставив варените жолчки цели, а белките ги исечкав )и презлата. Смесата убаво се промешува.

4. Во друг сад убаво се матат белките, да се добие цврст снег и се мешаат со добиената смеса.

5. Калапот се премачкува со масло и презла (откако ќе се испечи, полесно се одвојува од калапот и има крцкава вкусна кора). Потоа на дното и странично се редат обарените листови кељ и внимателно се става од смесата и на крај повторно одозгора се редат листови кељ, се премачкува со масло.

Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути.

Јас декорирав со рендано сирење, потпечен сусам и црвен пипер.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови