Инспирирана од зададената тема го направив ова предјадење од кое на сите во семејството, како и на драгите гости ни беше вистинско вкусно задоволство.

Сирењето и урдата, со киселата павлака добро ги промешуваме за да се добие еднолична смеса, која ја делиме на две половини. Во едната ги додаваме грашокот и пченката, а во другата сечканата шунка. Убаво промешуваме и по желба зачинуваме.
На пиперките им ги отстрануваме дршките и семките и ги полниме со смесата со грашок и пченка.
Обландата ја ставаме на влажна крпа и ја премачкуваме со смесата со шунка. Ги редиме пиперките по должина и ја виткаме обландата во ролат. Ова е првиот начин.
За вториот начин, откако ќе ја премачкаме обландата со шунка вадиме со модла кругови на кои на средината им ставаме сечкано парче од полнетата пиперка и потоа сето ова го ставаме во калап за мафини да се стегне малку.

Забелешка
Шунката можете да ја ставите и откако ќе ја размачкате смесата на обландата, па фино да ја натапкате да се залепи.
За да го направите ова предјадење како во првиот начин потребно ви е повеќе урда и сирење, ама сепак и тоа ќе зависи од тоа колку ви се дебели пиперките. Ако се потенки во тој случај и нема да ви треба, ама кај мене беа подебелки, па така јас го искористив и вториот начин, бидејќи немаше доволно смеса на обландата за да може целата пиперка да биде обвиткана , а воедно да биде декоративна.
Инаку првичната идеја, која е и подекоративна е во втората смеса да ставите црвен пипер, така ќе дојдеше повеќе до израз полнетата пиперка во средина. Ама како бев многу во брзање заборавив да ставам.
Значи идејата ви ја претставив, па вие калкулирајте со состојките

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани