Подготовка:

1. Во вангличка ги ставаме сите состојки за тесто, набрзина замесуваме грубо тесто, кое го завиткуваме во фолија и го ставаме во фрижидер да отстои 30 минути.
2. За филот, во вангличка, со помош на вилушка ги соединуваме сите состојки, да се изедначи смесата. Ладното тесто го делиме на 2 дела и сучиме мали правоаголни кори. Првата кора ја поставуваме во ростер тава и ја боцкаме со вилушка. Од втората кора сечeме ленти. Сега, врз првата кора го нанесуваме подготвениот фил, па ги поставуваме траките тесто, од втората кора, лентите шунка, шери доматите.
3. Подготвениот тарт го премачкуваме со изматено јајце. Печeме во загреана рерна, околу 25 минути. Нека подизлади малку, па сечеме на парчиња и послужуваме.

*Забелешка - не мора да се прават ленти од втората кора, туку цело тесто да се исучи во една кора да се нанесе фил и да се декорира со шери и шунка, како мојава брза верзија, на овој превкусен тарт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани