19
дек
2020
Солена проја со ленено семе
Јајцата со солта ги матиме кратко. Ги додаваме јогуртот и зејтинот. Пак кратко матиме. Ги додаваме брашната, пецивото, лененото семе и сирењето. Мешаме со лажица. Неколку лажици од смесата заедно со измиениот магдонос ги блендираме. Во силиконскиот калап ставаме половина од смесата, врз ова ја додаваме со лажица смесата со магдонос, врз неа преостаната смеса. Ставаме да се печи во загреана рерна на 200 степени.
На оваа температураа се печи околу 15 минути,потоа ја намалуваме температурата на 180 степени уште 20 минути.
Чашата со која мерев е од 120 милилитри.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови