Ирена - еве тебе ти го посветувам рецептот, останува да го сочуваш од заборавот.

- Со миксер пенесто изматете ги јајца.
- Додадете маслото и измешајте.
- Додадете брашното во кое сте го измешале пецивото и измешајте.
- Додадете ги сецканите сирење, сувомеснато и магдонос. Со лажица измешајте.
- Добиената смеса истурете ја во модла постелена со хартија за печење, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 мин.
- Печен кексот и малку подоладен извадете од модлата, тргнете ја хартијата и ставете на решетка да се лади.
НАПОМЕНА
- Модлата во која печам е долга 28 стм. а широка 8 см. Значи во модлата за срнечкиот грб. Но, не значи дека морате баш во таква модла, јас тоа така ја печам заради послужувањето. Можете да печете во куглоф, во плекче бр.24 најмногу 26, одлично е да се послужи како пита.
- Од сувомеснато секогаш ставам пилешко само поради тоа што најмалку ми мириса во самото тесто.
- Магдонос ставам со мерка, два полни филџани. Филџан е од 100 мл., но не мора. Од око слободно може да се става. Некој пат го сецкам, некој па не. Кога се сечи тој одлично се однесува и ако не е сецкан. Овој пат имав од францускиот магдонос и шаренилото баш-баш и не е она што го очекував како со оној другиот магданос кој ние најчесто го употребуваме. Тој ми е подекоративен во овој кекс.
- Не би ви препорачала сирењето и сувомеснатато да го рендате само саради декоративниот изглед, подобро е кога се сецкани.
- Не сум заборавила за солта - доволно е солено од сирењето и сувомеснатото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани