
Сникерс пралини
Сакате брз десерт ?
Сакате лесен десерт ?
Еве го одговорот, сникерс пралини.
Подготовката за изгледот ја знаете, но повторно ќе ја кажам.
Наполнете ги калапите со растопената чоколада и оставете да се излади и формира колачето.
Наполнете со филот и повторно прелејте ја со чоколадата.
Оставете во ладилник и откако ќе се изладат вадете ги од модлата и редете ги во книжни корпички.
Понатаму не ви кажувам што да правите,си знаете.
Насладете се добро со прекрасниот крцкав вкус на пралините.
Се кажав, а за филот не...
Сомелете ги кикиритките, лешникот и наполитанката.
Мелете на појадро.
Бисквитата искршете ја на ситно или па и нејзе сомелете ја заедно со другите состојки.
Промешајте со 1 лажица шеќер и млеко колку да се соедини филот.
Можете наместо млеко да ставите 2 лажици мед, но тоа го оставам на вас.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Полни ги сега калапчињата и нека се радуваат децата. Пробав да измешам некоја прехрамбена боја ама многу тешко прима боја,белава чоколада.