Започнете го денот со кремасто и хранливо смути... Ова е мојот предлог.

1. Најпрво ги ставаме овесните снегулки во чашата од Нутрибулет- блендираме 30на секунди.

2. Потоа ги додаваме останатите состојки, блендираме се додека смесата не се изедначи.

3. Одозгора ставаме цимет. Доколку сакате може да ставите пола лажиче цимет заедно со останатите состојки за блендирање.

Совет
- оваа комбинација супер оди и со додавање на банана.
- Доколку ставите варена тиква, во тој случај искористете ја водата во која сте ја вареле тиквата (освен ако не се решите за комбинацијата со додавање на млеко)
-Количината на вода или млеко намалете ја или зголемете ја според вашиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани