Испечати

Смути со тиква и јаболко

Смути со тиква и јаболко

Состојки

  • 100 гр тиква-печена(може и варена)
  • 1 јаболко (лупено и сецкано)
  • 1 голема лажица мед
  • 300 мл млеко(може и вода)
  • 20 гр овесни снегулки
  • малку цимет

Подготовка

Започнете го денот со кремасто и хранливо смути... Ова е мојот предлог.

1. Најпрво ги ставаме овесните снегулки во чашата од Нутрибулет- блендираме 30на секунди.

2. Потоа ги додаваме останатите состојки, блендираме се додека смесата не се изедначи.

3. Одозгора ставаме цимет. Доколку сакате може да ставите пола лажиче цимет заедно со останатите состојки за блендирање.

Совет
- оваа комбинација супер оди и со додавање на банана.
- Доколку ставите варена тиква, во тој случај искористете ја водата во која сте ја вареле тиквата (освен ако не се решите за комбинацијата со додавање на млеко)
-Количината на вода или млеко намалете ја или зголемете ја според вашиот вкус.