Свежите смокви како сезонско овошје ги има кратко време,
и бидејќи се многу вкусни и здрави, ги користам максимално.
Во малата чаша од Нутрибулетот ги ставаме сите наведени состојки,
блендираме и добиваме екстра хранлив појадок.
Сокот од лимонот го ставам кога правам смути со банана, за поосвежителен вкус,
а и за да не се смени бојата на смутито.
Може да се додаде и некоја коцка мраз по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани