Испечати

Смути со свежи смокви

Смути со свежи смокви

Состојки

  • 2 зрели свежи смокви (поголеми)
  • 1/2 зрела банана
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 3 суви урми (без коски)
  • јатки од 2 ореви
  • 1 филџан вода

Подготовка

Свежите смокви како сезонско овошје ги има кратко време,
и бидејќи се многу вкусни и здрави, ги користам максимално.
Во малата чаша од Нутрибулетот ги ставаме сите наведени состојки,
блендираме и добиваме екстра хранлив појадок.
Сокот од лимонот го ставам кога правам смути со банана, за поосвежителен вкус,
а и за да не се смени бојата на смутито.
Може да се додаде и некоја коцка мраз по желба.