Здраво, кремасто и превкусно смути, полно со хранливи материи, пробиотици и суперхрана, вистинско здравје во една чаша. Смутито е одличен начин да се почне денот, па ова е мојот предлог за денес.

Подготовка

1. Подготовката е лесна и брза. Морковот се лупи и сецка на помали парчиња, го ставаме во чашката од блендерот заедно со останатите наведени состојки и блендираме до хомогенизирање.
2. Послужуваме веднаш.

*Забелешка - Банана може да користите и свежа, подобро да е позрела, поради блажината, доколку не е доволно зрела, додадете неколку урми, мед или засладувач по ваш избор. Јас користев замрзната банана, практикувам секогаш кога ќе ми заостанат банани, ако не ги искористам веднаш, да ги исецкам и да ги замрзнам, па ги користам за смути, сладолед и слично.
Количината на млеко може да се зголеми или намали во однос на тоа колку сакате да ви е густината на смутито. Ако бананата е замрзната, тогаш и смутито ќе биде погусто и покремасто.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани