Интересен вкус, одлична комбинација. Густината на смутиво си ја правите по вкус.

Подготовка
1. Портокалот го лупиме и го ставаме во блендер, разделен на парчиња..
2. Измиеното јаболко го сечкаме со се лушпа, го додаваме.
3. Го додаваме и морковот кој сме го исечкале на кругови.
4. Додаваме маџун, мед по вкус и вода по потреба.
5. Блендираме и конзумираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани