Витамините во овој период ни се многу потребни, па затоа ова е еден убав начин да ги искористиме и притоа да уживаме во нивното конзумирање.

1. Јаболкото го лупиме и сецкаме на помали парчиња, и бананата ја сецкаме на помали парчиња. Мандарините (излупени) додајте ги во чашата на блендерот (јас користев Мултифреш блендер и протектор) или додајте го само исцедениот сок од нив- како сакате (јас ги исцедив).

2. Додајте го и медот и изблендирајте ги состојките. Вашето смути е спремно за конзумирање. А доколку го имате и вие овој блендер, можете да си го спремите вашето омилено смути одвечер (со опцијата вакумско блендирање) и следното утро да уживате во него.

Совет- по желба додадете и сок од свежо цеден лимон, а наместо мед понекогаш ставам 2-3 урми.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани