Смути(банана, јаболко, мандарини) во Мултифреш блендер и протектор
Состојки
- 1 Банана
- 1 Јаболко
- 250 мл цеден сок од мандарини (4-5)
- 2 мали лажици Мед
Подготовка
Витамините во овој период ни се многу потребни, па затоа ова е еден убав начин да ги искористиме и притоа да уживаме во нивното конзумирање.
1. Јаболкото го лупиме и сецкаме на помали парчиња, и бананата ја сецкаме на помали парчиња. Мандарините (излупени) додајте ги во чашата на блендерот (јас користев Мултифреш блендер и протектор) или додајте го само исцедениот сок од нив- како сакате (јас ги исцедив).
2. Додајте го и медот и изблендирајте ги состојките. Вашето смути е спремно за конзумирање. А доколку го имате и вие овој блендер, можете да си го спремите вашето омилено смути одвечер (со опцијата вакумско блендирање) и следното утро да уживате во него.
Совет- по желба додадете и сок од свежо цеден лимон, а наместо мед понекогаш ставам 2-3 урми.
Уживајте!