Ставете ги сите состојки за тесто во длабок сад и убаво измесете. Покријте го тестото и оставете го на топло половина час да одстои.

За тоа време, изрендајте ги јаболката и ставете ги заедно со шеќерот во тенџере на оган. Гответе ги и мешајте се додека им испари водата.
Потоа додадете ги сувите смокви, предходно ситно исецкани, па чоколадото на ситни парчиња. Измешајте додека се стопи и спои чоколадото и тргнете од рингла. Додадете ги и бадемите, кои сте ги измелиле во сецко (оставете дел крупно мелени). И на крај зачинете со аромата на портокал и циметот. Се убаво измешано оставете да подолади.

Развлечете го тестото тенко без да го премесувате. Со чаша исечете кружни форми.
На секој круг ставајте од филот и со раце внимателно затворете го на врвот, при што благо ќе го завртите врвот за добро да се слепи и образува лик на смоква.

Така оформените колачи ставајте ги во плех, кој предходно можи да го обложите со пек-хартија.
Печете ги на температура од 180С додека врвовите благо не потемнат, па потоа веднаш вадете ги од рерна.

Кога малку ќе подоладат, поросете ги со шеќер во прав.

Забелешка:
Како е сезона за зрели смокви, наместо суви можи да се искористат такви, со тоа што ќе се стават ситно издробени откако ќе испари водата од јаболката, па потоа се готват и тие неколку минути додека не дехидрира течноста од нив. Многу битно е филот да не се дозволи да е течен, ами да има цврста структура како лесно би се обликувале смоквичките.
Зелената боја нагодете си ја од око. Секоја боја различно обојува, па интензитетот е на ваша регулација.
Бидете нежни и стрпливи со виткањето на смоквичките. Тестото треба да е тенко развлечено, ама доволно дебело да издржи обвиткување на филот и да не протекува. Како репер, земете си некои 3мм. И полнете умерено, ни многу, ни малку фил за добар пресек и успешно обвиткување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани