Мало лесно рецептче за идеја како да се искористат сувите смокви кои ни останале сега по повод празниците.
Смоквењак има во разни варијанти, од замесени погачки со најразлична препорака за зреење, завиткување во ловоров лист потоа во хартија за печење. Далматинскиот смоквењак се сприготвува откако ќе ги исушат смоквите и се консумира сега за празнициве. Ова е по рецепт на Португалски смоквењак. Подготовката е многу едноставна.

- На сувите смокви одстранете им ги рачките, исецкајте ги со мултипрактик, додадете сецкани бадеми, додадете ја ракијата, циметот и меленото каранфилче, измешајте и нека одстои да се попримаат вкусовите. Со рака правете топчиња, валкајте во кристал шеќер.
- Можете на средината да направите отвор и да им ставите цели бадеми.
( Бидејки имав мелени бадеми - такви користев, направив отвор и во нив ставив кандирана кора од портокал).
Пријатен залак е ова...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани