Дунките измијте ги убаво, излупете ги и со изрендајте ги со ренде. Јас имам ренде со поголеми отвори и со тоа секогаш ги рендам. Во сад на оган ставете ги водата и шеќерот и оставете ги да зовријат и потоа ставете ги и дунките и варете на тивок оган, ако ви се собери пена со лажица тргенете ја. Варете околу 1 час, можеби и помалку, во зависност колку се зрели дунките. Кога ќе се свари ставете ги ливчињата барбароса, лимонот сечен на тркалца и оревите и покријте го слаткото со влажна крпа и почекајте да излади. Кога ќе се излади соберете го во тегли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови