Слаткото од грозје најчесто се прави од бело или црно грозје, но без семки. Секако дека може да се вари и слатко од грозје со семки, најчесто на пример од десертното грозје „афусали“. Изборот е ваш.

Подготовка

1. Се вадат само зрната од гроздовите, па убаво се мијат. Потоа шеќерот налијте го со вода во поширока шерпа. Ги додаваме и ванилите, промешуваме. Вариме на умерена температура со повремено мешање до саканата густина. Кога сирупот ќе биде готов, додадете го грозјето и лимонот исечкан на кругови заедно со кората. Сега не мешаме, само по потреба се протресува шерпата (или внимателно промешуваме). Пената што притоа ќе се создаде на самата површина ја тргаме настрана.
2. Кога ќе биде готово слаткото, прекријте го садот со влажна крпа (цврсто), па оставете го така да преноќи и да се излади. Наредниот ден ден слаткото складирајте го во чисти стерилизирани тегли со капак.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани