Само 3 состојки, ама вкус милина.
Пробајте ги.

Подготовка:

1. Лешниците ставете ги на 150 степени да се потпечат околу 10 минути. Оставете ги целосно да се оладат, а потоа изблендирајте ги. Урмите исто така изблендирајте ги.

2. Во подлабока чинија ставете ги урмите и какаото. Постепено додавајте од лешниците.
Замесете ги состојките.
3. Со раце земајте од смесата и обликувајте ги колачињата во вид на гнезда или може едноставно како бомбици.

*Забелешка - Грамажата на лешниците е од прилика, не ги мерев точно, бидејќи испеков поголема количина , затоа најдобро додавајте ги постепено додека убаво се сврзе смесата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани