Сирови колачиња од 3 состојки (посно, без масло)
Состојки
- 170гр. свежи урми
- 30 гр. сирово какао
- околу 120гр. потпечени лешници
Подготовка
Само 3 состојки, ама вкус милина.
Пробајте ги.
Подготовка:
1. Лешниците ставете ги на 150 степени да се потпечат околу 10 минути. Оставете ги целосно да се оладат, а потоа изблендирајте ги. Урмите исто така изблендирајте ги.
2. Во подлабока чинија ставете ги урмите и какаото. Постепено додавајте од лешниците.
Замесете ги состојките.
3. Со раце земајте од смесата и обликувајте ги колачињата во вид на гнезда или може едноставно како бомбици.
*Забелешка - Грамажата на лешниците е од прилика, не ги мерев точно, бидејќи испеков поголема количина , затоа најдобро додавајте ги постепено додека убаво се сврзе смесата.