Селско месо со шампињони
Селско месо е јадење кое се јаде во сите сезони, меѓутоа најдобро е да се приготвува кога е постудено времето. Меѓу повеќето варијанти на подготовка на ова вкусно јадење, еве ја и мојата. Се надевам ќе ве бендиса и ќе се најде на вашата трпеза.
Подготовка -
1. Најпрво го ставаме месото исецкано на коцкички да се обари.
2. Потоа го пропржуваме ситно исецканиот кромид додека да омекне, го додаваме и месото, кратко пропржуваме, па ги додаваме исецканите шампињони. Пржиме додека да испари течноста која ќе ја пуштат.
3. Потоа го додаваме доматното пире, прво половина, пржиме додека да се згусне доволно, па ја додаваме останатата половина. Пропржуваме кратко да се соединат вкусовите.
4. Зачинуваме по вкус и ја префрламе содржината во некоја огноотпорна тава. Одозгора рендаме кашкавал (или ако сакате може да наредите парчиња кашкавал)
5. Печеме на 250 степени кратко, односно додека да се стопи кашкавалот.
Совет - Послужуваме топло, со чаша добро црно вино.
Уживајте во ова превкусно јадење во добро друштво и празнично расположение.
Лиценца: Сите права се задржани
Нека е за многу години денов, здравје, слога, љубов, бериќет на сите да ни дава Бог!