Најпрво свинските кременадли се толчат, се посолуваат прво со сол, па со зачините и на крај се премачкуваат со сенф. Се оставаат да одстојат малку, за да се маринираат.

Потоа се пржат на добро загреано масло, убаво да заруменат и се редат во друга тава. Откако ќе ги испржете сите парчиња, врз нив се ставаат исецканиот морков и печурките и се налеваат со вода. Се оставаат да им искрчка водата, но на тивок оган.
Пред водичката да испари, се налева и доматниот сок, се сецкаат чешнињата лук, се става малку шеќер (заради неутрализирање на киселоста) и се наросува малку оригано, па повторно се остава течноста да испари, на тивок оган за сосот да добие на густина.

Забелешка- Доматниот сок кој јас го користев е домашен и е поводенаст, затоа ја пишав таа количина, но доколку Вие користите купен сок од домати, тогаш ве советувам малку да го разматите со водичка за да не испари брзо и месото поубаво да се свари.
Зачините кои ги користев се специјално наменети за приготовка на свинското месо, но ваше е да правите комбинации, доколку немате таков зачин по дома.

Послужете со пржени компирчиња, и ете- вкусна комбинација за еден совршен ручек!
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови