15
фев
2012
Свински коленици ала Александра
Чистени и измиени колениците се солат и се запржуваат во зејтин. Кога ке се испржат се вадат од зејтинот, а во него се додаваат : 3 главици кромид исецкан на ливчиња, 3 моркови исецкани на ливчиња и 1 тегла исецкани шампињони. Кога ќе се испржи се вадат од тенџерето и во него се враќаат колениците и им се додава : мешан зачин, црн пипер, 1 чаша вода и 1 чаша бело вино. Се динстаат на средна температура додека не се разварат( ако е потребно се додава вода и бело вино). Пред да бидат скроз сварени се додава претходно подготвениот зеленчук. На крај се додава една крем супа од печурки растворена од малку вода, врие уште 5 мин и се сервира со рестован кромпир.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови