Салата, а може да биде и комплетен оброк, барем за мене. Одлично одговара и за со ракиче, но и за со винце, без промашување.
Подготовка
1. Булгурот ставете го во некој сад, ставете сув зачин по вкус, едно лажиче на пример, па попарете го со врелата вода. Нека отстои некое време, колку да омекне. Исцедете го.
2. Во салатиера ставете го изладениот булгур, исцедената туна, исечканата зелена салата, доматот, исечканите ореви, посолете, прелијте ја со лимонот и маслото, измешајте и уживајте. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови