25
мар
2014
Салата со компир и авокадо
Компирите сварете ги во посолена вода.
Авокадото излупете го со раце, пресечете го по половина, завртете го во спротивни правци и коската сама ќе излезе. (Неа можете да ја посадите, ќе ви израсне домашно авокадо).
Испрскајте го со лимонов сок и исечете го на коцкички.
Кога компирите ќе се сварат, нека се изладат и исечете ги на коцки.
Маслинките исечете ги на парчиња.
Кромитчето исечете го на парчиња.
Сите состојки измешајте ги и прелијте ги со преливот (во мала тегла измешајте се додека не побели).
На крајот наросете со свежо сомелен бибер.
Ви останува само да уживате.
За корисноста на авокадото можете да прочитате на Мои рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани