![Салата со коморач](https://moirecepti.mk/content/uploads/2020/10/IMG_1075-4467d3-800x634.jpg)
3
ное
2020
Салата со коморач
- Измешајте ги мајонезот, сенфот и сокот од лимонот, оставете на страна.
- Коморачот и јаболката многу тенко исечете ги, измешајте ги. Залијте со мајонезот, сокот од лимонот и сенфот - измешајте. Пробајте на сол и киселост, ако е малку , доовкусете. Одозгора измелете бибер. Оставете во фрижидер да одстои најмалку еден час како би се споиле вкусовите.
Напомена
- Јас сум единствената што овде сакам да додадам и кисела павлака, останатите од семејството ја сакаат токму како што сум ја напишала, ова ги пишувам чисто онака можеби некој исто така ќе сака да смени нешто.
- Оваа салата ќе трпи и зрна од калинка..
Лиценца: Сите права се задржани
Можеби поинаку го викаат кај нас или пак воопшто не знам што е.
Примамливо ми изгледа салатата.