Салата со коморач
Состојки
- 3 корени коморач
- 1 поголема киселкаса јаболка
- на вкус лимонов сок
- 50 мл. мајонез
- 1-2 лажици сенф Дижон
- на вкус сол и бибер
Подготовка
- Измешајте ги мајонезот, сенфот и сокот од лимонот, оставете на страна.
- Коморачот и јаболката многу тенко исечете ги, измешајте ги. Залијте со мајонезот, сокот од лимонот и сенфот - измешајте. Пробајте на сол и киселост, ако е малку , доовкусете. Одозгора измелете бибер. Оставете во фрижидер да одстои најмалку еден час како би се споиле вкусовите.
Напомена
- Јас сум единствената што овде сакам да додадам и кисела павлака, останатите од семејството ја сакаат токму како што сум ја напишала, ова ги пишувам чисто онака можеби некој исто така ќе сака да смени нешто.
- Оваа салата ќе трпи и зрна од калинка..