
9
окт
2020
Салата од шери домати, батат компир и лаванда оцет
Во еден сад ги соединуваме сецканите на половинки шери домати, сецканите листови блитва, на кои им е изваден средишниот, бел дел, сецканиот свеж босилек, сецканиот батат и бел компир.
Посолуваме, додаваме маслиново масло и оцет со вкус на лаванда.
Лесно промешуваме и сервираме.
Оцетот од лаванда го имам подготвено одамна, ама не дојде ред да поставам слика или рецепт со него.
Кога е во полн цвет лавандата се одкинуваат само цветчињата , одприлика 2-3 гранчиња на 250 мл домашен јаболков оцет.
Се остава така да одстои 10 дена, а потоа се користи.
Лиценца: Сите права се задржани