Едноставна, освежителна и брза салата.
Келерабата ја рендаме на крупно. Го додаваме лукчето ситно сечено или толчено, оревите сечени на покрупно. Ова заедно го мешаме, ја посолуваме салатата, додаваме маслинов зејтин и полеваме со 100 милилитри јогурт.
Најдобро е малку да одстои во фрижидер, но може и веднаш да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови