Испечати

Салата од келераба со јогурт

Салата од келераба со јогурт

Состојки

  • Состојки
  • 300 гр келераба(1 трупка)
  • 100 мл јогурт
  • 2 чешниња лук
  • 1 рака ореви
  • Сол и маслинов зејтин

Подготовка

Едноставна, освежителна и брза салата.
Келерабата ја рендаме на крупно. Го додаваме лукчето ситно сечено или толчено, оревите сечени на покрупно. Ова заедно го мешаме, ја посолуваме салатата, додаваме маслинов зејтин и полеваме со 100 милилитри јогурт.
Најдобро е малку да одстои во фрижидер, но може и веднаш да се послужи.