Смоквите и циметот заедно во комбинација создаваат прекрасен и неодолив вкус, ете токму таков е овој десерт. Освен идејата за формирање на ружите која ја имам видено на интернет, целиот рецепт е моја идеја, успешна и вкусно изедена.

Подготовка
1. Се замесува тесто од јајцата, маргаринот/путерот, шеќерот, млекото, ванилиниот шеќер, брашното и пецивото. Се измесува убаво и се додава малку брашно ако е потребно, да се добие меко тесто што не лепи.
2. Од тестото се одделува 1/3, во него се додава циметот и се измесува додека да се изедначи во тестото. На работна маса се рассукуваат двете теста и со чаша се вадат кругови. Како на сликата круговите се редат наизменично во линија 3 обични и 2 кругови со цимет, низата од кругчиња се витка како мало ролатче, се добива ружа, а потоа ружата се сече попречно на половина при што се добиваат 2 ружи.
3. Ружите ги ставаме во намастен калап за мафини. Смоквите се мијат и се сечкаат на кругови танки 3-4 мм, при што на секоја ружа се става по еден круг свежа смоква и малку се притиска да се спои со ружата.
4. Се пече на 180 степени околу 25 минути.
5. Од шеќерот и водата се вари шербет и со него се полева секоја ружичка со смоква.
Мафините беа навистина вкусни и им се допаднаа на домашните, ама и на другарките на ќерка ми.
Пробајте и уверете се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани