Ротквата како храна и како лек. Една од заборавените а најздрави растенија.
Лек за дишните патишта, кашлање, туберколоза, бронхит... Таа има многу витамини, и е многу здрава да се конзумира. Од неа се спрема и сок кој е многу здрав за жолчката, и камења. Како салата традиционално се спремала во некои краеви во Србија, како додаток на посната храна на славите.
Еве како се спрема.

1. Ротквата ќе ја излупите и ќе ја изрендате. Ќе ја истискате со рака да пушти сок.
Ќе ја оставите да постои и ќе ја исцедите. Оваа постапка ја правиме да испадне лутината од неа. Ја плакнеме во цедалка, и ја истиснуваме водата. Сега некој ќе помисли ,па како, каква е оваа постапка, сокот го фрламе, нооо ротквата има доволно сок и после миењето.
2. Оревите ги мелеме и ги истураме во садот кај ренданата ротква. Промешуваме и зачинуваме со сол.
Додаваме масло и оцет. Јас ставам (condimento italiano bianco )оцет, зашто ми е помек, по благ, повеќе ми се вклопува со ротквата. Така промешаната салата е спремна за конзумирање.

Убаво е барен двапати во месецот да се вкуси оваа убавина.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови