1. Јајцата и жочките ги матиме. Брашното, густинот, ванилата и пецивото ги ставаме во цеделка и се сее во изматените јајца. Белките ги матиме па додаваме 1 лажица шеќер. Матиме да биде густа смесата.
Земаме една лажица од белките ја додаваме во горната смеса, па мешаме со шпатула Потоа полека ја додаваме цела смеса. Разредуваме во тава да се пече.Печеме на хартија околу 8 минути.

2. Го спремаме кремот. Слатка павлака ја матиме со 2 лажици шеќер. Кога е убаво изматена го додаваме маскарпоне сирењето. Потоа соединуваме со шпатула. Оставаме да се излади.

3. За ганажот топиме темно млечно чоколадо со 100 мл слатка павлака.Овошјето кое го редиме нека е по ваш вкус. Јас ставив банани и кајсии. Ги исеков на коцки бананите, а кајсиите ги извадив од компот, па ги оставив на кујнска хартија да се исцеди сокот, да не пречи во кремот кога ќе се филува.

4. Ајде сега да го опишеме начинот на виткање. Кажав дека пандишпанот го печеме на хартија. Штом е печен, вадете го и полека заедно со хартијата смотајте го во ролна. Оставете го така околу 2 минути и одвиткајте го. Работната маса постелете ја со хартија за печење и попрскајте ја со шеќер во прав. Врз него распостелете го пандишпанот и извадете му ја хартијата. Земете го претходно подготвениот крем и премачкајте го пандишпанот. Почнете да виткате од доле на горе како за ролат.На првото виткање, ставете овошје по должина на виткањето. Виткајте пак, па пак ставете овошје. Така завршете го ролатот, вадејќи ја хартијата под него. Виткаме со помош на хартијата да напоменам. Полека префрлете го на решетка и полејте го со спремниот ганаж. Нека се разреди насекаде ганажот. Декорирајте со овошје или декоративни топчиња.

На здравје.

Забелешка
Чашата која служи за мерка е 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови