1. Прво рерната на 250 степени за да има време да се загрее.
2. Се бијат јајцата и шеќерот да дојде убава светло жолта смеса.
3. Се додава пецивото и се меша малку со миксер.
4. Се додава брашното и млекото и се меша убаво на најбавно.
5. Се става мрсна хартија на плех 30х40 цм. Се истура смесата во плехот и се прави да биди скоро иста големина како плехот.
6. Се намалува рерната на 225 степени и се пече ролатот 5 до 7 минути. Брзо оди во рерната затоа мора да бидите внимателни.
7. На маса се става нова мрсна хартија поросена со шеќер. Кога ролатот е готов се вади од рерна и се првртува на другата хартија. Се вади првата хартија. За полесно да се вади може да се намачка малце со ладна вода.
8. Се филова по вкус и се витка од најдолгата страна како ролат. Се остава да олади.
9. Се мати слатката павлака.
10. Кога ќе олади ролатот се сече на парчиња и се реди како пирамида. Прво еден ред ролат, се мачка со шлаг, пак еден ред ролат итн......
11. Се декорира со свежо овошје и на крај се поросува со шеќер прав или може исто да се испрска со стопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови