6 белки се матат со прстофат сол.
6 жолчки се матат со 12 лажици шеќер.
Откако ќе се измати убаво се помешуваат двете и се додава пополека брашното.
Се додава рендана кора од лимон и исцедениот сок од лимонот.
Се додава и пецивото.
Смесава се меша добро, па се полева врз хартија за печење.
Се пече во вжештена рерна на 200 степени додека да зарумени.
Филот:
Се матат јапонските јаболки кои претходно сме ги исчистиле од лушпата.
Се додаваат 4 лажици шеќер во прав, ванилен шеќер и цимет.
Се додава и 4 лажици матена слатка павлака, а потоа оваа смеса се соединува со 250 гр матен путер.
Филот е лабав и затоа се остава да излади малку.
Изладениот пандишпан се одвојува од хартијата и се премачкува со филот.
Се витка во ролат и се остава да излади.
Слатката павлака се мати до саканата густина, па се покрива цел ролат.
Се наросува ролатот со рендана кора од лимон.
Се остава во ладилник и се служи ладно.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови