Ролани лазањи со зеленчук
1. Пропржете го ситно исечканото лукче со малку масло и со доматниот сос. Зачинете по вкус со оригано, бибер и сл.
2. Исчистениот спанаќ и брокулата исецкајте ги, ставете ги да се поварат заедно 10тина минути со пола лажичка сол. Исцедете ги.
На оган запржете го исечканиот кромид, додадете ги брокулата и спанаќот, потоа топеното сирење и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка мешан зачин (по вкус).
3. Растопете го путерот, додадете го брашното. Откако ќе се соедини, постепено додавајте го млекото и малку црн бибер. Мешајте дур не се згусне.
4. Во широко тенџере зовријте вода, тргнете го од оган, ставете ги лазањите да омекнат неколку минути со затворен капак.
5. Врз секоја лазања ставете од филот, малку рендан кашкавал, па сролајте ја и свртена наопаку ставете ја во тавчето во коешто претходно сте го ставиле црвениот сос. Истото повторете го со останатите лазањи.
6. Врз лазањите ставете го бешамел сосот и на крај кашкавал.
7. Печете на 200 степени.
* При печењето, ставете алуминиумска фолија за да не се запече кашкавалот.
* Добро би било во бешамел сосот да ставите малку пармезан.
* Не ги преполнувајте лазањите, да не се растечат. Исто така можете да ги сечете на пола, а потоа да ги редите во тавче.
На здравје! =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови