Ова јадење вообичаено се служи како прилог, но ете за мене денес е ручек. Најчесто комбинацијата е ориз и грашок, но секако може да смените по желба.
1. Оризот го ставате во тенџере на оган со поголема количина на вода и зачини по желба (сол, бибер и мешан зачин).
2. Кромидчето ситно се сецка и се става во тава со 1 лажица вода, сол и бибер да продинста. (Вие пропржете си со масло). Потоа го додавате морковот, промешувате и по 3-4мин го додавате и грашокот. (Користам грашок од конзерва па ради тоа не треба многу да се готви).
3. Кога оризот е сварен, процедете во цедалка и тргнете го на страна. Потоа додадете го оризот кон веќе зготвениот зеленчук во тавата, додадете лажиче сенф и зачини по вкус и желба. Промешајте убаво и тргнете го од оган.
Сервирајте како прилог или во комбинација со свежа салата.

Добар апетит.

***Навдените количини се доволни за 2 особи ако сервирате како ручек или за тројца ако сервирате како прилог кон главното јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани