10
дек
2020
Ржани погачици
Едноставни и многу вкусни погачици се.
Во млаката вода додаваме квасец, шеќер, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се актвира квасецот.
Додаваме потоа сол, маслиново масло и ржано брашно.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме тестото и го оставаме на топло.
Потоа тестото го делиме на 5 топчиња.
Со рака формираме погачици.
Со нож по малку ги засекуваме.
Оставаме покриени да одморат 30 минути.
Потоа ги печиме во загреана релна на 180 степени, околу 30 минути.
Сервираме топли.
Лиценца: Сите права се задржани
Баба ми викаше ,,ич га неќу тој црно 'ржано брашно“, бидејќи во младоста само такво јаделе:)
Ама секако поздраво било!
A znam deka i ti go sakas Vale
Мн ми е крцкаво, убаво брашното и мене