Ресана торта
1. Во сад за матење се ставаат 5 јајца и 5 лажици шеќер.
2.Убаво се матат и се додава 5 лажици ореви и 5 лажици брашно.
3. Кога ќе се соединат состојките се сипуваат во округло тавче број 32, со однапред поставена хартија и намрсено со зејтин.
4. Се прават две теста.
5. Се варат 3 пудинга со 750 милилитри млеко.
6. Се остава да се олади пудингот.
7. Во друг сад се мати 1 маргарин со 150 грама шеќер во прав.
8. Смесата од маргарин и шеќер во прав се додава во изладениот пудинг и се меша.
9. Филот се дели на два дела, во едниот се става растопено чоколадо.
10. Филување
-Се става првото тесто и се нанесува белиот фил
-Врз филот се ставаат ресани
-Врз ресаните се става црниот фил, а врз филот другото тесто.
-Тортата се премачкува со слатка павлака и со преостанатата слатка павлак се украсува тортата(со готварски шприц)
-На крај се ренда чоколадото врз тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови