Реденица со месо
Подготовка:
1. Тавата ја редиме со прекрасниве состојки. На дното ја постиламе со сечени кругови на компири, Ако се млади, не ги лупете и ставете ги миени и сечени. Врз компирот наредете го месото, кое претходно стоеше малку посолено. Наросуваме со мешан сув зачин. Врз месото наросуваме и мелен црн бибер.
2. Кромидот го сечеме на тркалца и го распоредуваме на секаде врз месото. Морковите исчистени и исецкани на кругови, исто така ги распоредуваме насекаде. Ловор лист помеѓу месото наложуваме, а потоа залеваме со вино.
3. Црвените патлиџани, миени и исецкани на подебели кругови, ги редиме врз се што ставивме во тавата, како за крај и со тоа ја затвараме тавата. Ситно сецканиот магдонос го наросуваме насекаде, па ја дополнуваме тавата со вода. Попрскјуваме со зејтин. Затвараме со алуфолијаи ја ставаме тавата да се пече.
4. Печеме на силно, а потоа ја намалуваме рерната и оставаме да покрчка. Месото да се развари да се доведе до кончиња. После час време, ја тргаме фолијата и оставаме да се покрчка отворено уште 15минути. Водата е испарена, виното исто. Тавата е прекрасна, храната се топи во уста. За повкусно, подобро е да ставите и мевце со малку мрсничко на него.
Нека е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови